РАДЕВ УБЕДЛИВО ГО ОСВОИ ВТОРИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ ВО БУГАРИЈА

    РАДЕВ УБЕДЛИВО ГО ОСВОИ ВТОРИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ ВО БУГАРИЈАРадев освои 64% од гласовите во вториот круг (Фото: АП)

    Румен Радев го освои вториот претседателски мандат откако убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков во денешниот втор круг од изборите во Бугарија. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.

    Ова беа четвртите избори во Бугарија во изминатите осум месеци, по трите парламентарни, и излезноста беше околу 30%.

    По гласањето, Радев ги повика Бугарите на целосна мобилизација „за да не се дозволи минатото да ја минира иднината“. Тој освои 49,42% гласови минатиот викенд, наспроти 22,83% на Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира