„БЕСА ТРАНС“ ДОБИЛА ЛИЦЕНЦА ОД АВГУСТ 2018 ДО АВГУСТ 2022 ГОДИНА, КУПУВАЊЕ НОВ АВТОБУС НЕ ПРИЈАВИЛА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

    „БЕСА ТРАНС“ ДОБИЛА ЛИЦЕНЦА ОД АВГУСТ 2018 ДО АВГУСТ 2022 ГОДИНА, КУПУВАЊЕ НОВ АВТОБУС НЕ ПРИЈАВИЛА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИВо соопштението не се наведува колкав и каков возен парк има „Беса транс“, само дека ново возило не пријавиле. (Фото: ЕПА)

    Автобускиот превозник „Беса транс“ на 18 јули 2018 година од Министерството за транспорт и врски, Сектор патен сообраќај, побарал лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. На 8 август истата година ја добил лиценцата, со важност до 8 август 2022 година.

    „До Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, поднесено е барање од страна на превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, информираат од Министерството за транспорт и врски. Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година“, соопшти Министерството.

    Во соопштението не се наведува колкав и каков возен парк има „Беса транс“, само дека ново возило не пријавиле.

    „Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, информираат од Министерството“, се наведува во соопштението.

    Во раните утрински часови по полноќ, на магистралата Струма во Бугарија, се случи страшна сообраќајна несреќа откако од засега непознати причини се запали автобус на „Беса турс“. Во несреќата загинаа 45 патници, македонски државјани, меѓу кои и 12 деца.

    Истрагата ја води Бугарското обвинителство, тешки се можностите веднаш да се идентификуваат загинатите патници, бидејќи нивните останки се пеплосани.

    Како што кажаа државниот обвинител Љубомир Јовески и пбвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска од местото на трагедијата, документите, регистрацијата на фирмата автобуски превозник, досието за техничкиот преглед на автобусите, за добиената лиценца и друго, се веќе предадени на Бугарското обвинителкство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира