„Еуролинк осигурување“ овозможи купување полиса за осигурување на домот преку интернет. Полисата купена онлајн е за 10 отсто поевтина отколку полисата купена на продажните места на осигурителната компанија.
Новата можност е проследена и со наградна игра во која може да се освои зимување во Банско, Бугарија. Наградната игра се вика „„Лесно како клик – Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско“.
Сите што онлајн ќе купат полиса за осигурување на домот преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување во период од 9. ноември до 6. декември ќе можат да освојат едно од четирите зимување на Банско.
„Првпат во Македонија овозможуваме онлајн осигурување на домот – на едноставен, брз и лесен начин. Токму оваа убава вест сакаме да ја споделиме со сите граѓани и затоа организираме наградна игра во којашто ќе продолжиме со изненадувања и со наградувања токму пред Нова година со четири зимувања во Банско“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела, а имињата ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и на Фејсбук страницата на Еуролинк.
————————————————————————————-
За правилата за наградната игра информирајте се на интернет-страницата на Еуролинк осигурување: www.eurolink.com.mk и www.facebook.com/eurolinkmk.