„МАКПЕТРОЛ“ ОСТВАРИ ДОБИВКА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД 2021

    „МАКПЕТРОЛ“ ОСТВАРИ ДОБИВКА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД 2021Во првите три квартали, „Макпетрол“ инвестираше 3,4 милиони евра во реконструкција и во изградба на нови објекти

    Акционерското друштво „Макпетрол“ од Скопје оствари добивка по оданочување од 1.227,6 милиони денари, односно речиси 20 милиони евра во периодот од 1 јануари до 30 септември 2021соопшти компанијата. Ова претставува неколкукратно зголемување во споредба со истиот период лани, кога профитот беше околу четири милиони евра.

    Зголемувањето на добивката во најголем дел е резултат на продажбата на акцијата во „ГА-МА“ АД, што се реализираше на 25 август преку Македонската берза на хартии од вредност.

    „‘Макпетрол‘ оствари извонредно позитивен резултат, што покажува дека е во одлична состојба. Покрај добивката од продажбата на акцијата во ‘ГА-МА‘, Друштвото оствари добивка од осум милиони евра од своето редовно работење во првите три квартали од 2021. Резултатите јасно покажуваат дека Друштвото успешно ја задржува својата лидерска позиција на пазарот и работи рентабилно во услови на пандемија, со тенденција на достигнување на претпандемските нивоа“, истакнуваат од компанијата.

    Во првите три квартали од 2021, „Макпетрол“ вложи преку 210 милиони денари или 3,4 милиони евра, како во реконструкција, така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти.

    Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ во текот на 2021 продолжи да ги поддржува иницијативите кои ја зајакнуваат заедницата. Донирани се 1.000 таблет-уреди во вредност од шест милиони денари за учениците во основните училишта, како и 1,5 милиони денари во гориво за противпожарните екипи во летниот период.

    За своите заложби и инвестиции во здравјето и безбедноста на вработените, компанијата во 2021 доби две награди во рамките на повикот „Добри практики во областа на БЗР во 2020 година“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира