Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров почина денес во Скопје, објави Државната агенција МИА.
Пендаров студирал политикологија на Универзитетот во Љубљана. Тој беше политички аналитичар кој во својата кариера беше и дописник за Радио Скопје, а работеше и како советник за односи со јавност во Собранието на Македонија.
Зад себе остави долгогодишна новинарска кариера, редовно присуствувајќи на ТВ-дебатите, анализирајќи ги политичките случувања.