Еден од основачите на „Твитер“, Џек Дорси, објави дека се повлекува од функцијата извршен шеф на компанијата. Него ќе го замени досегашниот главен технички директор Параг Агравал.
„Не знам дали сите слушнаа, но поднесов оставка во ‘Твитер‘, Конечно дојде време да си заминам. Компанијата е подготвена да оди напред“, напиша Дорси на Твитер.
Тој додаде дека има огромна доверба во својата замена. Агравал му се придружи на „Твитер“ во 2011 година и од 2017 го предводеше технолошкиот оддел. Дорси кажа дека ќе се повлече и од управниот одбор кога ќе му истече мандатот следната година.
„Важно е на Параг да му оставам простор што му е потребен“, додаде Дорси.
Дорси ја основал компанијата во 2006 заедно со Биз Стоун, Еван Вилијамс и Ноа Глас и стана нејзин заштитно лице како што таа растеше и стануваше една од највлијателните на светот. Токму тој ги објави првите твитови на социјалната мрежа.