ЖЕНИТЕ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ТЕШКО ДОАЃААТ ДО ЛИДЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ПОЛИТИКАТА, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ЖЕНИТЕ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ТЕШКО ДОАЃААТ ДО ЛИДЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ПОЛИТИКАТА, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕЗа сите 81 Општина во државата има само 2 градоначалнички, а во Полошкиот Регион нема ниту една; - Од тркалезната маса со регионалните градоначалници во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Состојбата на жените во Полошкиот Регион не е задоволителна и тие треба подостоинствено да се претстават во креирањето на политиките како во Општинските Совети така и во различните позиции внатре во локалната самоуправа, беше кажано на тркалезната маса што ја организираше Институтот за лидерство и јавни политички критики во Тетово, а учествуваа градоначалниците од општините од Полошкиот Регион.

    „Состојбата на жените во Полошкиот Регион не е задоволителна. Ние се стремиме кон нејзино подобрување, но таа и понатаму не е добра. За ова зборува и фактот дека за сите 81 Општина во државата има само 2 градоначалнички, а во нашиот Регион нема ниту една. Состојбата е лоша и во Советите на Општините каде, споредено со изборите од 2017 година, сега имаме намалување на бројот на жени во нивните состави. Политичките партии не обрнуваат сериозно внимание и го занемаруваат овој факт, бидејќи сметаат дека други тематики се поважни од оваа. Сепак, ние сме решителни да докажеме дека и оваа тематика е исто толку важна како и другите и треба ургентно да се третира“, изјави Пранвера Касами од Институтот за лидерство и јавни политички критики во Тетово.

    Амбасадорката на Обединетото кралство Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј ја истакна важноста на еднаквата застапеност на жените во општеството.

    „Мора да се почне со давање поддршка на младите девојки да се стекнат со доверба, да бидат активни и да бидат идни лидери како и да добиваат поддршка од политичките партии за нивно номинирање и поставување на лидерски позиции, за да можат да се промовираат политики кои ги засегаат нивните заедници. На последните избори видовме дека жените не беа застапени на градоначалничките листи и затоа треба да се работи сите политички партии да ја подобрат застапеноста на жените во високите позиции“, рече амбасадорката Галовеј.

    Во рамки на проектот беа презентирани податоци од истражувањето за факторите на влијание за вклученоста на жените во политиката во Полошкиот Регион.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира