АЛТЕРНАТИВА ИЗГЛАСА ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВЛАДА, В НЕДЕЛА ГАШИ И ЗАЕВ ЌЕ КАЖАТ КОИ РЕСОРИ ГИ ДОБИЛА

    АЛТЕРНАТИВА ИЗГЛАСА ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВЛАДА, В НЕДЕЛА ГАШИ И ЗАЕВ ЌЕ КАЖАТ КОИ РЕСОРИ ГИ ДОБИЛАУтре лидерот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници ќе потпишат свечени изјави за заедничката владина програма. (Фото: К. Попов)

    Централното претседателство на партијата Алтернатива, која има 4 пратеника, во саботата навечер одлучила таа да се приклучи на парламентарното мнозинство, односно да влезе во Владата.

    В недела лидерот Африм Гаши и премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници ќе потпишат свечени изјави за заедничката владина програма и ќе кажат кои ресори и директорски места ги зема Алтернатива.

    На  прес-конференција портпаролот кажа дека Заев и Гаши се договориле да се викне меѓународна правна помош за да се преиспитаат случаите Смиљковско езеро, загинувањето на Алмир, пресудите за Диво насеље и сите оние за кои има, како што рече портпаролот, сомневања во јавноста за политичко влијание во случаите.

    Сите овие наведени случаи имаат правосилни пресуди, а тој за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, дури две.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира