Педесет и пет години од основањето на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) Скопје ќе се одбележат вечерва (20 часот) со свечен концерт во фоајето на Националната опера и балет (НОБ).
Ќе настапат студентите од програмите на ФМУ, како: Гудачки инструменти и гитара, Клавишни инструменти и харфа, Дувачки инструменти, удирачки инструменти и соло пеење, Музичка теорија и педагогија, музикологија, композиција и диригирање, Популарни жанрови и Балетска педагогија.
Настапуваат студентите од класите на професорите: Mарија Муратовска-Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска Бобан и Ковачевски.
Влезот е слободен, но, како што велат од ФМУ, поради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 или на [email protected] до денес до 16 часот.
Задолжително е носење на заштитна маска.