СЕ ЧИНИ ДЕКА ОМИКРОН НЕ Е ПООПАСЕН И ПОСЕРИОЗЕН СОЈ ОД ДЕЛТА, ВЕЛИ ЕНТОНИ ФАУЧИ

    СЕ ЧИНИ ДЕКА ОМИКРОН НЕ Е ПООПАСЕН И ПОСЕРИОЗЕН СОЈ ОД ДЕЛТА, ВЕЛИ ЕНТОНИ ФАУЧИФаучи вели дека нема назнаки дека омикрон предизвикува сериозна форма на ковид-19 (Фото: АП)

    Иако новиот сој омикрон забрзано се шири низ САД и веќе е регистриран во една третина од сојузните држави, нема рани назнаки дека е поопасен од делта, која продолжува да ги полни болниците, велат американските здравствени власти. Сепак, водечкиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи вели дека ќе бидат потребни повеќе информации пред да се донесат заклучоци.

    Извештаите од Јужна Африка, каде што омикрон првпат бил идентификуван, сугерираат дека бројот на ковид пациенти не се зголемил драматично.

    „Сега-засега, се чини дека омикрон ја нема сериозноста на делта. Но, мора да бидеме претпазливи пред да потврдиме дека не предизвикува сериозна форма на болест како делта“, изјави Фаучи.

    Тој вели дека администрацијата на Бајден размислува да ги укине ограничувањата за патување за странски државјани кои влегуваат во САД од неколку африкански земји, воведени поради појавата на омикрон.

    „Се надеваме дека многу брзо ќе можеме да ја укинеме забраната“, рече Фаучи.

    Делта останува доминантниот сој во САД и на него отпаѓаат 99% случаи на зараза. Над 780.000 Американци починаа од ковид-19 досега и дневната бројка сега се движи околу 860 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира