ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ И ЗВОНКО КОСТОВСКИ КОИ ГО ОТКРИЈА И СВЕДОЧЕА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“

    ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ И ЗВОНКО КОСТОВСКИ КОИ ГО ОТКРИЈА И СВЕДОЧЕА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“Двајцата не само што укажаа дека тогашната УБК масовно прислушува преку Петтата управа во МВР, туку обезбедија и докази (Фото:К.Попов)

    Укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, електроинженерите од УБК кои неразмислувајќи за ризикот по животот и слободата, извлекоа илјадници докази за повеќегодишно незаконско прислушување на граѓани, денеска ја примија наградата „Мето Јовановски“, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

    Претседателската на одборот за доделувањето на наградата Уранија Пировска рече дека борбата за човекови права е невозможна без храброст, одлучност и преземање ризик, а борецот за човекови права мора да биде личност со интегритет, кој е подготвен да преземе акција и по цена на нарушување на личната безбедност.

    „И покрај опасноста и можните реперкусии врз нивниот живот, овие долгогодишни службеници во МВР, и двајцата врвни професионалци и наградувани за проекти поврзани со националната безбедност, решаваат да станат укажувачи за овој голем криминал со кој брутално се беа прекршени човековите права. Поради оваа активност Лазаревски и Костовски беа цел на оркестрирани напади, заплашувања кон нив и нивните семејства, а поминаа и период во затвор“, рече Пировска.

    Ѓорѓи Лазаревски сега е пензионер, а Костовски сè уште е во МВР.

    „Пред точно 11 години ние решивме да го сториме тоа што сметавме дека е единствено исправно во дадените околности. Бевме сосема свесни за ризиците, а за награди и признанија ниту помисливме ниту ни беа битни“, изјави Лазаревски, посакувајќи никогаш да не се повтори вакво масовно кршење на човековите права и слободи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира