РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ АРДИЈАН МУЧА, НОВ ДИРЕКТОР Е АНГЕЛЕ СОТИРОВСКИ ОД СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА

    РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ АРДИЈАН МУЧА, НОВ ДИРЕКТОР Е АНГЕЛЕ СОТИРОВСКИ ОД СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈАСотировски (лево) е вработен во ЈП „Паркови и зеленило“- Од денешното примопредавање на функцијата. (Фото: Паркови и зеленило)

    Градоначалничката Данела Арсовска денеска го разреши од функцијата директорот на „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и на негово место го назначи Ангеле Сотировски. Сотировски е вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ и е претседател на градската организација на Социјалистичката партија, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ова јавно претпријатие повторно го раководи кадар на Социјалистичката партија, како што беше во двата мандатa на ексградоначалникот Коце Трајановски, кога директори беа Љупчо Димовски и Душан Авировиќ. Со доаѓањето на функција на поранешниот градоначалник Петре Шилегов „Паркови и зеленило“ го доби ДУИ и за директор беше поставен Ардијан Муча.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира