ОДЕТЕ И ГЛАСАЈТЕ, БИДЕТЕ ЕВРОПСКИ ПАТРИОТИ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДЕТЕ И ГЛАСАЈТЕ, БИДЕТЕ ЕВРОПСКИ ПАТРИОТИ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

    Во Битола и Прилеп денеска беше одбележан Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост, а делегации предводени од германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги посетија француските  и германските гробишта.

    Амбасадорот Тимоние во Битола изјави дека во Македонија, двете главни политички сили кои на некој начин се спротивставуваат можат да си пружат рака едни на други во име на националниот интерес.

    „Тоа да го сторат е и од европски интерес. Имаме потреба од стабилна Македонија и тоа треба да го направите за Европа. Не си го поставувајте секогаш прашањето што Европа може да стори за вас, туку што вие можете да сторите за неа“, рече Тимоние. Тој додаде дека со оглед на моменталната политичка криза, драматична грешка би била ако се одложат изборите.

    „Треба да се надеваме дека изборите ќе се одржат во добри услови. Одете и гласајте. Бидете граѓани и патриоти, бидете европски патриоти. Еднаш кога тие избори ќе бидат признати, ќе треба да се најде функционална влада која ќе ја преземе агендата на реформите“, рече Тимоние.

    Амбасадорката Алтхаузер во Прилеп изјави дека ова помирување помеѓу Германија и Франција треба да биде пример за надминување  на конфликтите и проблемите особено помеѓу балканските народи.

    „Германија и Франција со векови наназад си причинуваа страдања и болки едни на други, и конечно во овој век започнаа да соработуваат. Еве веќе 50 години тие се помирени и заеднички работат на европското дело. Таа соработка не е само помеѓу владите на овие држави, туку помеѓу самите граѓани, а најмногу помеѓу младите луѓе. Моментално во создавање е една регионална младинска организација од земјите од западен Балкан. Мислам дека тоа е придобивката и тоа што можеше да се научи од германско-француското пријателство и соработка на ова поле. Станува збор за соработка која ќе ги надмине границите, иако тие веќе и не постојат во Европската Унија“, рече Алтхаузер.

    „Така низ победи и порази оваа ужасна војна конечно заврши со примирјето од 1918 година што го одбележуваме денес, а посебно помислуваме на цивилното население кое живеело на македонскиот фронт и кое беше прва колатерна жртва на еден конфликт помеѓу европските народи, што се  денес помирени“, рече Тимоние.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира