Македонските граѓани кои патуваат во Холандија ќе мора да приложат негативен ПЦР или антиген тест при влез во земјата. Оваа мерка ќе стапи на сила на 22 декември, објави холандската амбасада во Скопје и се однесува и на оние кои се целосно вакцинирани и на оние кои неодамна го прележале ковид-19.
Холандија ја воведува оваа мерка за патниците од сите земји кои не се членки на Европската Унија, вклучувајќи ги и оние кои се наоѓаат на нејзината листа на безбедни држави, како Македонија.
Холандија од вчера повторно е во строг карантин, што ќе биде на сила до 14 јануари. Поради ширењето на сојот омикрон, се затвораат сите несуштински продавници и услуги, како ресторани, фризерски салони, музеи и теретани.