Американските регулатори ја одобрија првата таблета против ковид-19, што Американците ќе можат да ја земаат дома за да ги спречат најлошите ефекти на вирусот. Ова се случува додека бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 повторно расте во САД, додека здравствените експерти најавуваат нов силен бран на зараза поради ширењето на омикрон.
Лекот „паксловид“ на „Фајзер“ е побрз начин да се лекува инфекцијата во рана фаза. Тој покажал делотворност од 90% во спречувањето на хоспитализација и смрт кај пациентите кај кои постои голем ризик да развијат сериозна форма на болеста, Последните лабораториски испитувања покажале дека лекот ја задржува својата делотворност и против омикрон.
Се очекува САД наскоро да го одобрат и оралниот лек на „Мерк“.
Според Агенцијата за храна и лекови, „паксловид“ се препорачува на сите лица со 12 и повеќе години. Лекот не се препорачува само на оние кои имаат сериозни проблеми со бубрезите и црниот дроб.
Американската влада нарачала количество доволно за лекување на 10 милиони луѓе, кои ќе го добиваат лекот бесплатно.