Традиционалното новогодишно украсување на Ресен оваа година ќе биде изоставено, соопшти градоначалникот Јован Тозиевски.
„Оваа одлука ја поткрепуваме и со фактот дека Македонија се наоѓа пред енергетска криза и поради тоа следуваат ограничувања во однос на минималното осветлување на улиците, плоштадите и објектите. Во вакви услови, надополнети со ковид пандемијата, невработеноста и сиромаштијата, сметаме дека парите треба да бидат пренаменети онаму каде што се најпотребни“, соопшти Тозиевски.
Парите кои беа планирани за украсување на градот ќе бидат искористени за помош на социјално загрозените граѓани од Ресен.
Ж.ЗДРАВКОВСКА