В ПЕТОК НЕМА ДА РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ БАРА МВР СООДВЕТНО ДА ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ

    В ПЕТОК НЕМА ДА РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ БАРА МВР СООДВЕТНО ДА ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТНа 7 декември поради исклучување на семафорите во попладневните часови Скопје беше парализирано. (Фото: К.Попов)

    В петок, од 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот цеднтар на Скопје. Како што соопштија од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.

    Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи  да го регулира сообраќајот,

    „МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од претпријатието.

    На 7 декември, поради исклучување на семафорите во попладневните часови Скопје беше парализирано. Повеќе од три часа цел град беше блокиран, колите со саати стоеја во место, а не можеше да минат ни возила на Брза помаш.

    Тогаш градоначалничката Данела Арсовска и Министерството за внатрешни работи преку соопштенија до јавноста се искараа и се обвинуваа меѓусебно кој е крив за блокираат град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира