ЗАРАЗЕНИТЕ СО ОМИКРОН ИМААТ ДО 70% ПОМАЛИ ШАНСИ ДА ЗАВРШАТ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, ПОКАЖА ГОЛЕМА БРИТАНСКА АНАЛИЗА

    ЗАРАЗЕНИТЕ СО ОМИКРОН ИМААТ ДО 70% ПОМАЛИ ШАНСИ ДА ЗАВРШАТ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, ПОКАЖА ГОЛЕМА БРИТАНСКА АНАЛИЗАПодатоците од неколку држави укажуваат на тоа дека омикрон има намалена сериозност (Фото: Гети)

    Лицата заразени со сојот омикрон имаат 50%-70% помали шанси да завршат на болничко лекување во споредба со некои претходни варијанти, вели нова голема анализа. Британската агенција за безбедност во здравството вели дека раните откритија се охрабрувачки, но варијантата сè уште може да предизвика зголемен број хоспитализации. Здравствените експерти додаваат дека сè уште е рано да се одредат следните чекори.

    Истражувањето исто така покажува дека заштитата од зараза со омикрон што ја дава вакцината почнува да слабее десет недели по примањето на третата доза. Заштитата од сериозна болест веројатно би била многу силна.

    Извештајот следува додека податоците од Јужна Африка, Данска, Англија и Шкотска укажуваат на тоа дека омикрон има намалена сериозност. Најновата анализа е заснована на сите случаи на омикрон и делта регистрирани во Велика Британија од почетокот на ноември. Досега се потврдени 14 смртни случаи во рок од 28 дена од зараза со омикрон.

    Анализата покажа дека луѓето заразени со омикрон имаат 31%-45% помалку шанси да одат на болнички преглед, односно 50%-70% помали шанси да завршат на болничко лекување.

    И покрај поблагите својства на омикрон, остануваат грижите дека поради нов голем пораст на бројот на заразени болниците би можеле да бидат преполнети. Лабораториските анализи покажуваат промени во начинот на кој омикрон ги заразува луѓето. Тој повеќе ги напаѓа дишните патишта отколку длабоките ткива на белите дробови, со што полесно се шири, но е помалку опасен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира