СУД ВО ЛОС АНЏЕЛЕС МУ НАРЕДИ НА ФУДБАЛЕРОТ СТАРИЏ ДА ЈА ПЛАТИ НАГРАДАТА ОД 30 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА ПРОНАОЃАЧОТ НА НЕГОВОТО УКРАДЕНО КУЧЕ

    СУД ВО ЛОС АНЏЕЛЕС МУ НАРЕДИ НА ФУДБАЛЕРОТ СТАРИЏ ДА ЈА ПЛАТИ НАГРАДАТА ОД 30 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА ПРОНАОЃАЧОТ НА НЕГОВОТО УКРАДЕНО КУЧЕПронаоѓачот на кучето се надева дека Стариџ нема да се жали на пресудата и брзо ќе му ги исплати парите. (Фото: Инстаграм)

    Поранешниот напаѓач на Ливерпул Даниел Стариџ ќе мора да му плати 30 илјади долари на човекот кој го најде неговото украдено куче. Англискиот фудбалер, кој сега игра во Австралија, во 2019 година кажа дека неговото куче Лучи е украдено од неговиот дом во Лос Анџелес и понуди награда.

    „Ќе платиме колку треба за кучето. Кој ќе ми го врати кучето, 20 илјади, 30 илјади, колку било“, кажа тогаш Стариџ и објави видео од штетата предизвикана при грабежот во неговата куќа во Холивуд, кога исчезна и кучето.

    Два дена подоцна кучето му беше вратено на фудбалерот, а пронаоѓач беше Фостер Вашингтон, рапер познат и како Кила Фејм.
    Сега, судот во Лос Анџелес му нареди на Стариџ да му исплати 30 илјади долари на Вашингтон.

    Кога му беше вратено кучето, Стариџ кажа дека е благодарен на луѓето кои помогнале, но не кажа дали ја исплатил наградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира