Обвинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, Кривичниот суд Скопје го одобри во целост.
За судот ништо не е спорно во обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, па затоа деновиве ќе се пушти во електронскиот систем и ќе биде распореден кај судија. Наскоро треба да почне судењето.
„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.