ГЕРМАНСКИОТ ГРАД МАЈНЦ ПО 30 ГОДИНИ ЌЕ СИ ГИ ОТПЛАТИ ДОЛГОВИТЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19

    ГЕРМАНСКИОТ ГРАД МАЈНЦ ПО 30 ГОДИНИ ЌЕ СИ ГИ ОТПЛАТИ ДОЛГОВИТЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19Глобалниот успех на „Бионтек“ го трансформираше буџетот на Мајнц (Фото: Алами)

    Ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ ќе има неочекуван спореден ефект за германската општина во која што беше развиена. Првпат во три децении, Мајнц очекува да нема долгови благодарение на даноците собрани од глобалниот успех на компанијата „Бионтек“.

    Градот со 217.000 жители беше оптоварен со долг од почетокот на 1990-ите, кога властите земале заем кој пораснал до 1,3 милијарди евра. Во првата година од пандемијата, долгот се зголемил за дополнителни 30 милиони евра.

    Успехот на „Бионтек“ го трансформираше буџетот на градот. Место очекуваното прекумерно трошење од 36 милиони евра во 2021, градскиот совет оваа зима објави буџетски суфицит од 1,09 милијарди евра. Бидејќи следната година се очекува суфицит од речиси 500 милиони евра, Мајнц се надева дека ќе ги отплати сите долгови во рок од една година.

    „Место да инвестираме во спектакуларни инфраструктурни проекти, ќе ги искористиме парите за да ги отплатиме долговите“, изјави градоначалникот Михаел Еблинг.

    Поради германските закони за тајност, „Бионтек“ не беше официјално наведен како извор на приходите, но затоа не е никаква тајна колку заработил од вакцината. Во периодот јануари-септември 2021, компанијата остварила профит од 10,3 милијарди евра, за што ќе плати данок од 1,2 милијарди.

    Пред ковид пандемијата, главен подарок на Мајнц за светот беше печатарска преса, што во овој град ја развил Јоханес Гутенберг во 1440 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира