НОВОРОДЕНЧЕ ПРОНАЈДЕНО ВО КОРПА ЗА ЃУБРЕ ВО АВИОН

    НОВОРОДЕНЧЕ ПРОНАЈДЕНО ВО КОРПА ЗА ЃУБРЕ ВО АВИОНБебето е во добра состојба откако било префрлено во болница

    Вработените на меѓународниот аеродром на Маврициус пронашле напуштено новороденче во корпа за ѓубре во авион. Уапсена е 20-годишна жена од Мадагаскар, осомничена дека се породила за време на летот.

    Авионот на „Ер Маврициус“ слетал на аеродромот на 1 јануари. Аеродромските служби го пронашле бебето при рутинска царинска контрола на авионот. Бебето веднаш било префрлено во болница.

    Жената признала дека бебето е нејзино откако во прв момент негирала дека се породила во авионот. И таа и бебето се добро, кажаа од болницата. Полицијата соопшти дека мајката ќе биде обвинета за напуштање на новороденче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира