Авион на „Рајанер“ беше принуден да слета во Франција во понеделникот навечер откако избил пожар во кабината. Летот ФР4052 полета од Манчестер во 7.33 часот и требаше да слета во Фаро, Португалија, околу 10.30 часот
Но, пилотите мораа принудно да слетаат во Брест во западна Франција поради пожар во авионот. Авионот Боинг 737-800 беше пречекан на пистата во Брест од неколку противпожарни возила, а полицајци ги однесоа патнициците во автобус со кој стигнаа до аеродромскиот терминал.
Според сајт за следење летови, авионот нагло се спуштил од 12,5 километри на 2 километри над земјата за само седум минути околу 8.15 часот, што предизвика сомнежи дека можеби е изгубен притисокот во кабината.