ПОТВРДЕНИ УШТЕ 33 ПОЗИТИВНИ НА ОМИКРОН ОД 56 ПРИМЕРОЦИ И ТРОЈЦА СО ФЛУРОН ВО ЗЕМЈАВА

    ПОТВРДЕНИ УШТЕ 33 ПОЗИТИВНИ НА ОМИКРОН ОД 56 ПРИМЕРОЦИ И ТРОЈЦА СО ФЛУРОН ВО ЗЕМЈАВААнализирани се 56 примероци позитивни на ковид-19, од кои 33 се позитивни на омикрон, што 59% од позитивните примероци. (Фото: СДК.МК)

    Уште 33 лица се позитивни на сојот омикрон на коронавирусот, а кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектиран флурон, што е комбинација од двата вируса ковид-19 и грип, соопшти Министерството за здравство.

    Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи на 56 примероци позитивни на ковид-19, од кои 33 се позитивни на омикрон , што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира