ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ПИТЕР БОГДАНОВИЧ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ПИТЕР БОГДАНОВИЧБогданович е автор на „Последната кинопретстава“ и „Месечина од хартија“ и е меѓу најважните режисери на Новиот Холивуд од 1970-те. (Фото: АП)

    Почина американскиот режисер Питер Богданович, чии филмови „Последната кинопретстава“ и „Месечина од хартија“ го втемелија неговиот углед како еден од најважните филмски автори на Новиот Холивуд од 1970-те. Имаше 82 години.

    Богданович остана активен до доцна возраст, и како и Мартин Скорсезе, е шампион на американските автори од старата школа. Кариерата ја почна како филмски критичар кој почнал да режира поради страста за гледање филмови, слично како Стивен Спилберг и подоцна Квентин Тарантино.

    Неговиот прв филм е „Цели“ од 1968, а вториот „Последната кинопретстава“ од 1971, според романот на Лери Мекмурти, имаше премиера на фимскиот фестивал во Њујорк и предизвика сензација, а критиката го нарече „најимпресивно дело од млад америкаски режисер уште од ‘Граѓанинот Кејн’“. Филомот освои 8 номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм и за режија. Филмот лансираше и неколку млади актери меѓу кои и Џеф Бриџис, Елен Бурнстин, Ренди Квејд и Сибил Шепард, за која Бограднович ќе ја остави сопругата и професионална партнерка Поли Плат.

    Во 1973 го режираше „Месечина од хартија“ со Рајан О’Нил, а за кој неговата 9-годишна ќерка Тејтум О’ Нил освои Оскар.

    Богданович играше и во сериите „Сопранови“, „Симпсонови“ и во филмовите на Тарантино „Убиј го Бил, 1 и 2“.
    Син е на српскиот пијанист Борислав и австриската сликарка Херма, кои од Европа се преселиле во САД во годината кога им се родил синот. Во 1950-те, Богданович студирал глума во школата на Стела Адлер, чии студенти биле и Марлон Брандо и Роберт де Ниро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира