„АДОРА“ НА ЧИФЛИГАНЕЦ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ТУКУ БЕГ, РЕАГИРААТ ОД КОМПАНИЈАТА

    „АДОРА“ НА ЧИФЛИГАНЕЦ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ТУКУ БЕГ, РЕАГИРААТ ОД КОМПАНИЈАТА„Адора инженеринг“ лани во септември на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад но уште ги нема во сопственост. (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Адора инженеринг“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во градот Скопје и нема никакво влијание и контрола врз квалитетот на истата, реагираа денеска од компанијата на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, затоа што на социјалните мрежи граѓаните што немаат доволно греење за време на празниците за тоа го обвинија новиот сопственик на „Топлификација АД во стечај“.

    Откако граѓаните деновиве реагираа дека немаат парно или радијаторите им се млаки, од компанијата велат дека во моментов таа обрска е само на БЕГ.

    „Иако ‘Адора инженеринг‘ на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад, во моментов лиценциран производител на топлинска енергија во главниот град е ‘Производство на топлина – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје‘ (БЕГ). Групацијата БЕГ ги оперира и е одговорна за квалитетно производство и испорака на топлинска енергија во градот Скопје“, велат од компанијата и додаваат дека до овој момент, „Адора Инженеринг“ и БЕГ немаат воспоставено никаков партнерски однос.

    „Адора инженеринг“ во септември 2021 година ги купи од „Топлификација АД во стечај“, топланите Исток и Запад и основните средства за производство на топлинска енергија.

    „До денешен ден, овие основни средства не се предадени на ‘Адора инженеринг‘ и со нив управува БЕГ. До овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со ‘Адора инженеринг‘, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик. Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за закуп на истите“, велат од „Адора“.

    Од „Адора инженеринг“ бараат од државата правна заштита во насока на разрешување на моменталните и идни партнерски односи со корисникот на топланите и компетентните институции на државата, под чија надлежност е оваа регулирана дејност.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира