ЕСКАЛИРА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА 120 ИЛЈАДИ БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА РАДЕВ ПО СЕДНИЦАТА НА БУГАРСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

    ЕСКАЛИРА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА 120 ИЛЈАДИ БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА РАДЕВ ПО СЕДНИЦАТА НА БУГАРСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТНа петчасовниот состанок на бугарскиот Совет за безбедност присуствуваа претставници на сите парламентарни партии во Бугарија, како и новиот премиер Кирил Петков, кој на 18 јануари доаѓа во Скопје. - Радев и Петков на прес-конференција по состанокот (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Бугарија ќе продолжи да ги блокира македонските евроинтеграции, а дава зелено светло за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Албанија, по денешниот состанок на бугарскиот Совет за безбедност, свикан од претседателот Румен Радев. На петчасовниот состанок присуствуваа претставници на сите парламентарни партии во Бугарија, како и новиот премиер Кирил Петков, кој на 18 јануари доаѓа во Скопје.

    Радев, на прес-конференција по состанокот, ги повтори неговите ставови дека Македонија не направила ништо за спроведување на Договорот за добрососедство, како и дека ескалира дискриминацијата на Бугарите во Македонија.

    „Четири години од потпишувањето на договорот од 2017 година, Република Северна Македонија не го направи неопходното за негово исполнување. Нема ни гаранција за исполнување на преземените обврски. Децениската политика на дискриминација на македонските Бугари, од кои 120.000 се бугарски граѓани и граѓани на ЕУ во последно време ескалира со отворени јавни напади против нив“, изјави Радев.

    Тој кажа дека учесниците на Советот за безбедност се обединиле околу мислењето дека се потребни сеопфатни, целисходни и осигурени дејствија за враќање на довербата и активирање на двострана соработка меѓу Бугарија и Македонија во сите области од заемен интерес.

    Советот за безбедност ѝ даде на бугарската влада неколку препораки за политиката кон Македонија, вклучувајќи стриктно држење до декларацијата на бугарскиот парламент од октомври 2019 година, како и необврзување на рокови за давање согласност за почеток на пристапните преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира