БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ ГИ ЗАПУСТИЈА НИВИТЕ ВО СТРУМИЧКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ ГИ ЗАПУСТИЈА НИВИТЕ ВО СТРУМИЧКО

    Последниве години во струмичко се зголемува бројот на земјоделски површини кои не се обработуваат. Место градинарски производи или овошни насади, нивите од струмичкото плодно поле стануваат пасишта, угари, ледини.  Несигурниот пласман, ниските откупни цено, но и иселувањето на цели семејства во странство, предизвика нивите да лежат необработени. Ванчо Михајлов од струмичкото село Ангелци вели дека последниве години, неговите ниви не ги обработува, оти нема сила и нема со кого. Со обидел со аргати но не се исплати.

    ,,Нема кој да ги работи нивите. Останавме само старци по селата. Младите заминаа кој во Италија, кој во Швајцарија, кој во Англија. Јас лично  имам повеќе од дваесет декари земјиште, но џабе. Синот ми замина на печалба во Швајцарија, а повремено оди и снаата со децата. И нивите ми лежат. А и зошто да останат кога нема ќар, ништо не е исплатливо. Килограм црвени пиперки се продаваше за 10 денари, доматите исто така. Со овие пари кој може да опстане. На времето беше поисплатливо. Одевме и на работа по фабрики, а рабевме на нива. Имаше пласман. Сега никого нема по полето“, вели Ванчо.

    30 до 40 насто од површините во Македонија наменети за одгледување земјоделски култури не се засадуваат (Фото: СДК.МК)

    30 до 40 насто од површините во Македонија наменети за одгледување земјоделски култури не се засадуваат (Фото: СДК.МК)

    Михајлов не е единствениот кој признава дека нивите во струмичко, и тоа оние од прва класа, последниве години стануваат угари и пасишта. Трендот на заминување на младите во странство го остави и струмичко Вељуса без големи земјоделци.

    „А бе, да ти се слоши нема кој да ти помогне. Еве погледнете, цели земјоделски блокови се обраснати со треви. Нога не стапнала во нив повеќе години. Нема земјоделци, останавме повозрасните и го редуцираме производството. Да видите млади по нивите е чиста премија. Со бугарски пасоши сите заминаа  во странство“, вели Томе Миев од Вељуса, кој сам го прибираше последниот род од своите ниви.

    Дека од година во година растат земјоделските површини кои не се обработуваат, истакнуваат и од земјоделските здруженија. Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители, посочува дека една третина од нивите во струмичкото поле не се работат и со години лежат како угари и стануваат пасишта.

    „Не само во струмичко, туку и во цела Македонија се зголемува бројот на земјоделски површини што  не се обработуваат. 30 до 40 насто од површините во Македонија наменети за одгледување земјоделски култури не се засадуваат. Имаме лоша стратегија во аграрот, бидејки земјоделското производство станува неисплатлив бизнис. Второ, последниве години се врши пренамена на земјоделското во градежно неизградено земјиште за индустриски зони, а дел од нивите преминуваат во сепарации за ископ на чакал и песок“, вели Велков.

    Субвенциите немаат развојна компонента туку напротив, се метод за залажување на земјоделците, оти најголемиот дел од парите завршуваат кај фирмите, а не кај вистинските земјоделци (Фото: СДК.МК)

    Субвенциите немаат развојна компонента туку напротив, се метод за залажување на земјоделците, оти најголемиот дел од парите завршуваат кај фирмите, а не кај вистинските земјоделци (Фото: СДК.МК)

    Последниве години државата значително ги зголеми субвенциите кон земјоделците за засадени површини. Секоја година се исплаќаат стотина милиони евра по тој основ, со цел земјоделците да го развијат и прошират својот бизнис. Во периодот од 2010 до 2014 биле исплатени 440 милиони субвенции, но ефектите се минорни, тврди Велков.

    „Субвенциите немаат развојна компонента туку напротив, се метод за залажување на земјоделците. Во последниве години ниту се зголеми земјоделското производство, ниту површините. Потребна е соодветна распределба и контрола на делењето државна  финансиска помош која ќе има за цел зголемување на земјоделското производство, оти на терен, површини лежат со години необработувани, а се делаат субвенции“, вели Велков и тврди дека најголемиот колач од субвенциите завршуваат кај фирмите, а не кај вистинските земјоделци.

    Пред неколку месеци невладините организации од Струмица кои се дел од платформата „Граѓанска демократија“ направија истражување на репрезентативен примерок од  400 млади струмичани на возраст од 18 до 32 години на тема дали и зошто би се иселиле од Македонија.  Дури 80 отсто од анкетираните млади  одговорија дека сакаат да се иселат од Македонија пред сѐ оти нема работа и оти се ниски платите. Според добиените одговори,  60 отсто од младите струмичани не гледале дека ќе се подобри ситуацијата во земјава, а една четвртина од нив имале бугарски пасоши и чекаат шанса да заминат во некоја од западноевропските држави.

    „Споменик на иселените“ постави вчера во центарот на Струмица граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме“, со кој алармираа за иселеничкиот тренд на младите од овој регион (Фото: СДК.МК)

    „Споменик на иселените“ постави вчера во центарот на Струмица граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме“, со кој алармираа за иселеничкиот тренд на младите од овој регион (Фото: СДК.МК)

    Државниот завод за статистика објави дека во 2014 година во Македонија има дури 134 илјади хектари земјоделско земјиште кое не се обработува, што претставува дури една третина од вкупното земјоделско земјиште во земјава. Понови податоци нема.  Паралелно, ова институција објави дека увозот на храна и живи животни континуирано расте. Во 2014, по овој основ од земјава се излеале 685 милиони долари, наспроти во 2003 кога увозот на храна изнесувал 363 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира