БУГАРСКАТА ВЛАДА БАРА АВИОКОМПАНИЈА ЗА ЛЕТОВИ СОФИЈА-СКОПЈЕ

    БУГАРСКАТА ВЛАДА БАРА АВИОКОМПАНИЈА ЗА ЛЕТОВИ СОФИЈА-СКОПЈЕНеколку авиокомпании изразиле интерес за летови меѓу Скопје и Софија. - Аеродромот во Софија (Фото: Фејсбук/Летиште Софија)

    Бугарското министерство за транспорт е во преговори со неколку различни авиокомпании за отворање авионска линија од Софија до Скопје, откри министерот Николај Субев, за бугарската национална телевизија (БТВ).

    Министерот, реферирајќи пред надлежната парламентарна комисија, кажа дека овие активности се прават по желба на премиерот Кирил Петков, дека се израз на добра волја и се со цел олеснување на патувањата меѓу двете држави.

    „Имаме интензивни подготовки и сме во преговори со различни авиокомпани кои што изјавиле интерес“, кажа Субев.

    Од неговото министерство велат дека од правна гледна точка нема пречка да почнат летови, зашто меѓу воздухопловните власти на двете земји има потпишано меморандум за соработка уште во 2015 година.

    Летови меѓу Скопје и Софија одржуваше првата македонска авиокомпанија „Палер“ неколку месеци во 1991-92 година, со изнајмен авион на тогашната бугарската компанија „Балкен Ер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира