КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧИ ДА ДИСКУТИРА НАРЕДНИВЕ ДЕНОВИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ НОВИ МЕРКИ 

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧИ ДА ДИСКУТИРА НАРЕДНИВЕ ДЕНОВИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ НОВИ МЕРКИ Според податоците на Институтот за јавно здравје, изминатата недела има зголемување од 51 отсто на позитивните случаи, како и 41 отсто зголемување на хопитализацииите. (Фото: К. Попов)

    Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци, соопшти Министерството за здравство. Конкретно, за предлогот за намалување на времето на изолација за асимптоматските случаи на ковид-19, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

    На денешниот состанок комисијата ја разгледувала и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но и за овој предлог одлуката ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие. Од Министерството за здравство велат дека клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата и одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

    Според податоците на Институтот за јавно здравје, изминатата недела има зголемување од 51 отсто на позитивните случаи, како и 41 отсто зголемување на хопитализацииите.

    Во период од една недела, од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции со ковид-19, што е зголемување од седум пати во однос на претходната недела. Според направеното секвенционирање на 152 позитивни примероци на коронавирус во изминатите шест дена, кај 104 од нив е откриен сојот омикрон, што претставува 68 отсто од заразените.

    Денеска беа регистрирани 1.964 позитивни од 7.724 тестови, или над 25 отсто од тестираните, и уште 13 починати од коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира