СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗГЛЕДУВА БУНТОТ НА 15 СУДИИ ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ, ПОТВРДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КАРАЏОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗГЛЕДУВА БУНТОТ НА 15 СУДИИ ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ, ПОТВРДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КАРАЏОВСКИ

    Судскиот совет добил писмо од 15 судии од Основниот суд Скопје 1, со кое тие бараат реакција од него и од Советот за утврдување на факти за разрешување на судија, да преземат мерки против претседателот на Основниот суд Владимир Панчевски, со оглед на тоа што за приватни тужби и одговор на тужба против него, велат, го злоупотребува Кривичниот суд и го урива угледот на Судот. Велат тоа го направил од позиција на сила и моќ.

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека добил известување со ваква содржина, со 15 кратки потписи и дека ќе го земе предвид.

    “Добивме анонимно известување со 15 кратки потписи. Имиња и презимиња не се напишани. Но, и покрај тоа што известувањето е анонимно, ние ќе го земеме во работа. Ние ја следиме ситуацијата, како со кривичните пријави што си ги поднеле Панчевски и Џолев, така и со претставките што си ги покренале еден против друг, кои сѐ уште се во Советот за утврдување на факти“, вели Караџовски.

    На прашањето дали навистина за време на 4-годишниот мандат на Панчевски во Судскиот совет судиите постојано поднесувале поплаки и претставки, Караџовски вели: “Имало против него приговори на годишни распореди за работа на судиите, но такви имало и против претседателите на останатите судови. Сме им менувале распоред, не само на Панчевски, туку и на други претседатели на судови, тоа му е работа на Судскиот совет“.

    Петнесетмината судии во известувањето што го испратиле до Судскиот совет конкретно реагираат поради соопштението што го објави Панчевски на 10 ноември, на официјалниот вебсајт на Основниот суд Скопје 1, кое се однесува на нивниот колега судијата Иван Џолев, кој му поднесе кривична пријава за незаконско влијание врз судија и за поткуп. Панчевски дента кога беше повикан и сослушан во Скопското обвинителство, на сајтот на Основен суд 1 ја објави оваа информација, но истовремено информираше и дека по сослушувањето му поднел контракривична пријава на судијата Иван Џолев.

    “Како колеги на судијата Владимир Панчевски, во моментов претседател на Судот и на судијата Иван Џолев, навистина сме изненадени од последното известување објавено на официјалниот веб сајт на Основен суд Скопје 1 на ден 10.11 оваа година, каде во делот за соопштенија за јавност, судијата Владимир Панчевски како претседател на Судот информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, притоа крајно непочитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој го користи официјалниот вебсајт на Судот“, велат 15-те судии кои бараат Судскиот совет да реагира за однесувањето на Панчевски.

    Во известувањето стои дека тие се оградуваат од однесувањето на Панчевски.

    “Со оглед на тоа дека во Судот односите меѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде кој било од нас, кој во моментот не се согласува со сегашниот претседател, со почит кон неговата функција“, предупредуваат побунетите судии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира