ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ЗАТВОРЕНИ НЕКОЛКУ БОЛНИЧКИ СОБИ НА ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И ИНТЕРНИ БОЛЕСТИ ВО БИТОЛА

    ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ЗАТВОРЕНИ НЕКОЛКУ БОЛНИЧКИ СОБИ НА ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И ИНТЕРНИ БОЛЕСТИ ВО БИТОЛАВо двете одделенија оштетувањата се сериозни, поголеми се и бараат сериозна санација. (Фото: СДК.МК)

    Поради оштетувања од земјотресите и заради заштита на пациентите и персоналот, се затвораат дел од капацитетите на две одделенија во битолската Клиничка болница, и тоа Одделението за неврологија и за интерни болести.

    Директорката Билјана Гагачовска соопшти дека во Одделението за неврологија се затвораат пет болнички соби, бидејќи не е возмоно во нив  да се хоспитализираат пациенти. Ова одделение има на располагање осум кревети  и уште толку се ставени на располагање од Одделението за психијатрија.

    Одделението за интерни болести најголемо оштетување претепе во машиот тракт, па две болнички соби со 16 кревети ќе бидат затворени за употреба и ако се исполнат капацитетите ќе се стават во функција други простории во истото одделение.

    „Цела болница претрпе пукнатини и оштетувања кои не се сериозни, го нарушуваат изгледот, но продолжува да функционира во нормални услови, освен со намалени капацитети во посочените одделенија заради безбедноста на пациентите и персоналот“, рече Гагачовска.

    На барање на болницата, вчера увид извршија експерти од Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС) и Комисијата за проценка на штети од Општина Битола. Известување за состојбата е испратено и до Министерството за здравство.

    „Во двете одделенија оштетувањата се сериозни, поголеми се и бараат сериозна санација. Ние не сме во можност веднаш да ги направиме, имајќи предвид дека тлото уште не мирува. Овие интервенции не можат да бидат направени од наша страна, не се работи за молерисување туку за комплетна санација“, рече директорката.

    Поради честите потреси беше запрена и редовната хируршка програма, кој продолжува од понеделник.

    Најмали оштетувања претрпе Инфектинвото одделение, кое исто така е сместено во постара зграда.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира