УКРАИНА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ САЈБЕРНАПАД СО КОЈ БЕШЕ ПРЕДУПРЕДЕНА ДА ГО ОЧЕКУВА НАЈЛОШОТО

    УКРАИНА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ САЈБЕРНАПАД СО КОЈ БЕШЕ ПРЕДУПРЕДЕНА ДА ГО ОЧЕКУВА НАЈЛОШОТОДенешниот напад почна со порака напишана на руски, украински и полски

    Украинската влада ја обвини Русија дека стои зад денешниот сајбернапад врз десетици државни сајтови. Околу 70 владини сајтови привремено паднаа во најголемиот напад од ваков вид во Украина во последните четири години.

    Пред да се исклучат, на сајтовите се појави порака во која Украинците беа предупредени да бидат уплашени и да го очекуваат најлошото. Пристапот до повеќето сајтови беше повратен по неколку часа. Русија досега не го коментираше хакирањето, додека украинското министерство за информации кажа дека руските медиуми за него информирале пред украинските.

    Оттаму велат дека нападите најверојатно се одмазда за неодамнешните неуспешни разговори со САД и НАТО, како што Русија ги окарактеризираше.

    Русија во изминатиот период групираше 100.000 војници покрај границата со Украина, која стравува од инвазија. Украинските разузнавачи (СБУ) велат дека во последните девет месеци неутрализирале 1.200 сајбернапади или инциденти.

    Денешниот напад почна со порака напишана на руски, украински и полски.

    „Украинци! Сите ваши лични податоци се објавени на интернет јавно. Ова е за вашите минато, сегашност и иднина“, стоеше во пораката.

    СБУ подоцна кажа дека не протекле никакви лични податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира