НЕМА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, ЗА КОМПРОМИС ЌЕ ФИНАНСИРАМЕ АВИОНСКА ЛИНИЈА ЗА СКОПЈЕ, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ

    НЕМА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, ЗА КОМПРОМИС ЌЕ ФИНАНСИРАМЕ АВИОНСКА ЛИНИЈА ЗА СКОПЈЕ, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВНема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува, вели Петков, кој во вторник доаѓа во Скопје. (Фото: БТВ)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека во Бугарија не постои македонско малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува, во интервју за бугарската телевизија „БТВ“. Петков, кој во вторник доаѓа во Скопје, беше прашан дали разговарал со претставници на американската амбасада во Софија за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

    „Никогаш, никогаш. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии“, одговори Петков.

    Прашан за какви компромиси е подготвен, тој одговори дека тоа може да биде авионската линија Софија-Скопје.

    „Бугарија може да биде иницијатор за стартување на линијата Софија-Скопје. Компромисот е кој ќе ја организира, тој и да ја финансира таа линија“, вели Петков.

    Понатаму, тој кажа дека ќе бара правата на Бугарија да бидат вклучени во македонскиот устав.

    „Сакаме гаранции, кои што секој еден граѓанин на ЕУ треба да ги има, а тоа е нулта толеранција за дискриминација. Сакаме правата на Бугарите таму да се вклучени во уставот“, кажа Петков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира