Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов искоментира дека по вчерашната посета на актуелниот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи Македонија нема да ја нападне Бугарија.
Петков денеска се пофали дека посетата била огромен успех затоа што Македонија испратила нота дека нема територијални претензии кон Бугарија.
„Нотата е многу поважна од само кусо и долго име. Нотата кажува дека Република Северна Македонија нема претензии кон територијалната целост на Бугарија. Тука треба да разберат дека вчерашната посета беше огромен успех“, изјави Петков.
За „огромниот успех“ на Петков, Борисов изјави:
„Ноќеска спиев мирно, Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија и нема да има територијални претензии. Спијте мирно, Банско останува бугарско, ќе одите на скијање“.
Понатаму, Борисов го искритикува Петков дека е првиот бугарски државник што отишол во Скопје и не положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев.