ГЕРМАНИЈА САКА ДА ПРИВЛЕКУВА 400.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ГОДИШНО ЗА ДА НЕ Ѝ СТРАДА ЕКОНОМИЈАТА

    ГЕРМАНИЈА САКА ДА ПРИВЛЕКУВА 400.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ГОДИШНО ЗА ДА НЕ Ѝ СТРАДА ЕКОНОМИЈАТАСе проценува дека оваа година работната сила во Германија ќе се намали за над 300.000 луѓе (Фото: ДПА)

    Новата германска влада планира да привлекува 400.000 странски квалификувани работници секоја година со цел да го реши проблемот на демографска нерамнотежа и недостиг на работната сила во клучните сектори, што го поткопува економското заздравување од пандемијата на коронавирусот.

    „Недостигот на квалификувани работници стана толку сериозен што драматично ја забавува нашата економија. Можеме да го решиме проблемот на стареењето на работната сила само со контролирана модерна имиграциска политика. Мора да ја достигнеме бројката од 400.000 увезени квалификувани работници што е можно побрзо“, изјави лидерот на Слободните демократи, Кристијан Дур.

    Со цел да го направат германскиот пазар попривлечен, трите партии од владејачката коалиција постигнаа договор за мерки како бодовен систем за специјалистите од земјите надвор од ЕУ и зголемување на националната минимална плата на 12 евра по час.

    Германскиот економски институт предвидува дека работната сила ќе се намали за повеќе од 300.000 луѓе оваа година, што би можело да порасне до 650.000 до 2029, со што во 2030 година на земјата ќе ѝ недостигаат пет милиони работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира