Авионот на „Американ ерлајнс“ кој во средата летал од Мајами за Лондон се вратил назад зашто една патничка одбивала да носи маска. Авионот со 129 патници бил пречекан од полицијата по враќањето во Мајами, која ја привела 40-годишната жена.
„Таа е ставена на листа на луѓе на кои им е забрането да патуваат со нашата авиокомпанија“, кажаа од „Американ ерлајнс“.
Според сајтот за следење летови „Флајтавер“, авионот бил во воздух помалку од еден час, кога тргнал назад.
„Авионот од Мајами за Лондон се врати на аеродромот во Мајами поради патничка која одбивала да се придржува до федералните барања за носење маска“, соопшти авиокомпанијата.
Еден од патниците изјави дека не им било кажано што точно се случува, освен дека имало екстремен инцидент со патник, па морале да се вратат.