МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПОВИКА ДОКТОРИТЕ ДАНИЛОВСКИ, ПАНОВСКИ И МАРКОВСКИ ДА ЧЛЕНУВААТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПОВИКА ДОКТОРИТЕ ДАНИЛОВСКИ, ПАНОВСКИ И МАРКОВСКИ ДА ЧЛЕНУВААТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИMинистерот Беким Сали ги повика тројцата професори ако не можат да бидат во Комисијата, да бидат дел од неговиот тим советници. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Беким Сали најави дека ќе наскоро ќе формира нова Комисија за заразни болести ги повика универзитетските професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски членуваат во неа. Сали поканата ја објави денеска на својот фејсбук профил.

    Тројцата професори се речиси секојдневно експонирани во медиумите и на социјалните мрежи со своите ставови за справување со пандемијата и главно ги критикуваат здравствените власти за неуспешни ковид политики.

    „Како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници“, објави министерот Сали.

    Инфектологот проф. д-р Вело Марковски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На 31 декември 2020 беше меѓу осумтемина обвинети за илегални археолошки истражувања и шверц на артефакти во Обвинителниот акт што Обвинителството за организиран криминал и корупција го поднесе до Основниот кривичен суд Скопје по повеќемесечна истражна постапка.

    Д-р Никола Пановски е професор во областа микробиологија со паразитологија и е советник во Град Скопје од редовите на движењето Одлучно за промени, коалиција на ЛДП и ДОМ за локални избори 2021. Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски беше министер за здравство во владата на Љубчо Георгиевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира