ПРВИОТ ЛЕТ СОФИЈА-СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ НА 11 ФЕВРУАРИ, РЕДОВНА ЛИНИЈА ОД МАРТ, НАЈАВИ БОЧВАРСКИ

    ПРВИОТ ЛЕТ СОФИЈА-СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ НА 11 ФЕВРУАРИ, РЕДОВНА ЛИНИЈА ОД МАРТ, НАЈАВИ БОЧВАРСКИБочварски денеска беше во увид на изградба на социјалната зграда во Кочани, каде се градат 34 социјални станови. (Фото: Министерство за транспорт и врски)

    Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, со бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации Николај Сабев, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Сабев ќе биде придружуван од бугарски туроператори.

    Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни града и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

    „На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските туроператори ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите туроператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на месец март“, изјави денеска во Кочани Бочварски.

    Тој вели дека туроператорите од двете земји на средбата во Скопје ќе понудат и трета дестинација, екстензија на летот Софија-Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани и донесе како туристички, така и економски бенефит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира