ПОЧИНА 5-ГОДИШНОТО МАРОКАНСКО МОМЧЕ ЗАГЛАВЕНО 4 ДЕНА ВО БУНАР

    ПОЧИНА 5-ГОДИШНОТО МАРОКАНСКО МОМЧЕ ЗАГЛАВЕНО 4 ДЕНА ВО БУНАРРодителите н 5-годишниот Рајан си заминуваат откако телото на нивниот син беше однесено со амбулантно возило. (Фото: ЕПА)

    Петгодишното мароканско момче кое беше заглавено во бунар четири дена почина, и покрај обемните напори да биде спасено. Властите ја објавија неговата смрт откако момчето беше извадено од бунарот.

    Напорите да се спаси 5-годишниот Рајан го привлекоа вниманието на јавноста во Мароко, и постојано имаше стотици луѓе насобрани околу бунарот.

    Момчето падна во 32 метри длабокиот бунар низ тесниот отвор, а обидите за спасување беа отежнати поради страв од одрони. Спасувачите конечно го извадија момчето од бунарот во саботата вечер.

    Неговата состојба не беше објавена во тој момент, а спасување беше поздравено со аплауз од насобраните луѓе околу спасувачката операција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира