ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРЖИНСКАТА ВЛАДА НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО

    ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРЖИНСКАТА ВЛАДА НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТОСо предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено бришење на одредбите за начин на избор на Влада кои предвидуваат сто дена пред избори да се избере нова преодна Влада. (Фото: К. Попов)

    Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада на 100 дена пред избори, позната како Пржинска влада, не беше усвоен денеска во Собранието. „За“ предлогот за измените на Законот за Влада гласаа 32 пратеника, а „против“ беа 55 пратеника.

    ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлогот во Собранието на 24 јануари, кога побараа и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, без 100 дена техничка влада.

    Владејачките СДСМ и ДУИ го одбија предлогот, со образложение дека вакви измени се носат без брзање, со разговори и консензус на сите партии, а не на предлог на една партија.

    Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено бришење на одредбите за начин на избор на Влада кои предвидуваат сто дена пред избори да се избере нова преодна Влада.

    Денеска во Собранието се расправа и за измените на Законот за минимална плата, со кои таа се зголемува од 15 на 18 илјади. Предложените законски измени поминаа на прво читање и сега се на комисиска расправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира