УШТЕ 11 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ 920 НОВИ СЛУЧАИ ОД 3.338 ТЕСТИРАЊА

    УШТЕ 11 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ 920 НОВИ СЛУЧАИ ОД 3.338 ТЕСТИРАЊАМоментално во земјата има 11.135 активни случаи на зараза (Фото: СДК.МК)

    Единаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, а потврдени се 920 нови случаи на зараза од направените 3.338 тестирања.

    Шестмина од починатите се од Скопје на возраст од 61 до 83 години, две лица од Битола (66 и 88 г.) и по едно од Охрид (91), Струмица (77) и Тетово (72). Сите се починати во болнички услови, шестмина биле целосно вакцинирани, а деветмина имале коморбидитети.

    Од новорегистрираните случаи, 502 се во Скопје, па следуваат Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1. Меѓу нив има и 119 реинфекции.

    Регистрирани сe и 1.190 оздравени пациенти, од кои 1.039 во Скопје, па следуваат Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1.

    Од почетокот на пандемијата, во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања, при што имало 287.016 позитивни наоди. Бројот на оздравени е 267.134, починале 8.747 лица, а моментално има 11.135 активни случаи.

    Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје: 132.306 заразени/6.314 активни случаи

    Куманово: 15.728/470

    Битола: 13.728/519

    Прилеп: 13.259/362

    Тетово: 13.073/416

    Кавадарци: 9.778/447

    Гостивар: 9.214/234

    Велес: 9.031/331

    Охрид: 8.327/275

    Штип: 7.779/125

    Струмица: 7.687/239

    Кичево: 5.199/154

    Кочани: 4.853/112

    Струга: 4.551/111

    Гевгелија: 4.054/166

    Неготино: 3.484/171

    Свети Николе: 2.578/85

    Ресен: 2.497/65

    Радовиш: 2.424/88

    Крива Паланка: 2.310/66

    Делчево: 1.864/50

    Берово: 1.683/26

    Дебар: 1.552/22

    Валандово: 1.487/65

    Виница: 1.343/30

    Пробиштип: 1.274/13

    Богданци: 966/53

    Кратово: 914/24

    Крушево: 858/14

    Демир Хисар: 799/16

    Македонски Брод: 677/34

    Демир Капија: 526/18

    Македонска Каменица: 519/7

    Пехчево: 446/8

    Дојран: 248/5

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира