СНЕМА СТРУЈА ВО ЦЕЛО СКОПЈЕ, ОД ЕВН ВЕЛАТ НЕ Е ДО НИВНАТА МРЕЖА

    СНЕМА СТРУЈА ВО ЦЕЛО СКОПЈЕ, ОД ЕВН ВЕЛАТ НЕ Е ДО НИВНАТА МРЕЖАОд ЕВН велат дека проблемот е поголем штом цело Скопје нема струја. (Фото: СДК.МК)

    Во цело Скопје попладнево околу 17.20 часот снема струја. По 20 минути, струјата се вклучи пак, но снема по 5 минути  и пак се поврати околу 18 часот. За исклучувањето на струја денеска немаше никакви најави.

    Од компанијата ЕВН велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа или рестрикции бидејќи е голем дефект. Нема дотур на струја и до нивната мрежа. Засега немаат информации за што станува збор и рекоа ќе информираат во текот на денот.

    Неофицијално, станува збор за експлозија на трафостаница на МЕПСО.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира