ИСКИНАТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕ НА НАЈВИСОКИОТ ЈАРБОЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП

    ИСКИНАТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕ НА НАЈВИСОКИОТ ЈАРБОЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИПОд јарболот веќе десетина дена се вее скинато знаме. (Фото: СДК.МК)

    На највисокиот јарбол во центарот на Штип веќе десетина дена се вее искинато македонско знаме. Знамето со димензии 5 на 10 метри е поставено на јарбол висок 25 метри. Веројатно, дека знамето се скинало од честите силни ветрови во Штип и од постојаните атмосферски влијанија.

    Од компанијата „Малид“ од Скопје која го доби тендерот и е задолжена за исправноста на јарболите и знамињата не само за Штип, велат дека прават редовни контроли на јарболите, но и дека во Штип веднаш ќе преземат мерки.

    „Со оглед дека се работи за висок јарбол ќе ангажираме кран и до крајот на денот се надеваме дека јарболот ќе биде во вистинската функција со ново заменето знаме“, вели претставникот на компанијата Влатко Малид.

    Проектот за ставање јарболи започна 2010 кога тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ  на чело со Никола Груевски подигна јарболи во сите градови и помали населени места. Според тогашните проценки, за еден  јарбол власта плаќала по околу 7.000 евра. Образложението на владата беше дека се подигаат јарболите за поголема национална свест во време кога се повеќе се загрозува националниот идентитет.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира