Зимските олимписки игри во Пекинг завршија денеска, а Норвешка освои најмногу златни медали, 16, и најголем вкупен број медали, 37. Со рекордниот број златни медали, земјата со над 5 милиони жители ја потврди доминацијата во зимските спортови, исто како на претходната Олимпијада во Појнгчанг 2018.
Норвешкиот тим освои два медали помалку од нивниот олимписки рекорд од вкупно 39 постигнат во 2018, но го собори рекордот за златни олимписки медали со освојување 16. Норвешка освои медали во девет од 15 спортови во Пекинг 2022.
Рускиот олимписки комитет (РОК) го освои вториот највисок број медали, 32, а Германија го освои вториот највисок број на злата, 12. Сепак, сè уште се под знак прашалник медалите во екипниот натпревар во уметничко лизгање, што би можело да влијае на освојувањето на шест злата на Русија. Церемонијата на доделувањето на медалите беше одложена, а резултатите може да се променат во зависност од исходот од истрагата за позитивниот допинг тест на 15-годишната лизгачка Камила Валиева.