ЗАТВОРЕНИ 4 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО БИТОЛА, ЗАТЕКНАТИ 42 ЛИЦА БЕЗ КОВИД СЕРТИФИКАТ

    ЗАТВОРЕНИ 4 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО БИТОЛА, ЗАТЕКНАТИ 42 ЛИЦА БЕЗ КОВИД СЕРТИФИКАТМВР вели дека акциските контроли продолжуваат и во наредниот период. (Фото: МВР)

    Четири угостителски објекти се затворени од Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни пријави, откако во акциската контрола што беше спроведена до рано утрото во ноќни клубови и кабареа низ Битола беа откриени 42 лица без ковид сертификати. Уште едно лице поседувало лажен сертификат, за што ќе следува кривична пријава.

    Полицијата соопшти дека во два ноќни клуба била пронајдена и дрога, односно прашкаста материја и марихуана. До надлежното обвинителство ќе биде доставен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

    Акциската контрола беше спроведена ноќеска во периодот од 1.30 до 4.30 часот, од полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.

    Констатирани се и случаи на неиздавање на фискални сметки, а од Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор. Од МВР соопштија дека акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира