ПОРТАЛИТЕ ПАДНАА ПОРАДИ ГОЛЕМ НАПАД НА СЕРВЕРИТЕ НА „УНЕТ“ ВО САБОТАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОРТАЛИТЕ ПАДНАА ПОРАДИ ГОЛЕМ НАПАД НА СЕРВЕРИТЕ НА „УНЕТ“ ВО САБОТАТА

    Хостинг провајдерот „УНЕТ Клауд“, кој ги опслужува медиумите чиишто портали беа паднати во саботата, соопшти дека прекинот бил последица на зголемен Интернет сообраќај кон неговите серверите од повеќе локации надвор од земјата поради што се активирале заштитните механизми. Се работи за т.н. ДДоС напад, со кој координирано се насочува огромен сообраќај од разни извори кон одреден онлајн сервис со цел да се преоптовари за потоа сервисот да не е достапен за легитимните посетители.

    Во саботата, пристапот беше оневозможен до сајтовите на САКАМДАКАЖАМ.МК, „Нова ТВ“, „Фокус“, „Либертас“, „Локално“, „Плусинфо“ како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“.

    „Во текот на раните утрински часови на 19.11.2016 со почеток од 02:30 кон серверите на македонскиот хостинг провајдер УНЕТ Клауд регистрирано е зголемување на сообраќајот кој доаѓал од повеќе сервери и локации надвор од државата, со што била отежната работата на главните телекомуникациски линкови, а со тоа била намалена функционалноста на сервисите на системот. Бидејќи тој неконтролиран сообраќај, кој многукратно ги надминувал заштитните капацитети на линкот, константно се зголемувал, кај нашиот интернет провајдер до 05:00 почнале да се појавуваат проблеми на глобално ниво, по што биле активирани заштитните механизми на интернет провајдерот и интернет сообраќајот на ниво на Border Gateway Protocol (BGP) со што превентивно линкот кон Унет бил целосно прекинат“, соопшти денеска „УНЕТ Клауд“.

    Оттаму информираат дека е направена анализа и увидено е дека се работи за генерирање на огромен сообраќај кон „Унет“ од страна на повеќе локации низ светот. Веднаш биле активирани заштитните механизми, по што службите на провајдерот во Словенија и Австрија, извршиле блокади на генераторите на неконтролираниот сообраќај. По релативно кратко време, интернет сообраќајот кон Унет на ниво на BGP е вклучен и корисниците почнаа да добиваат пристап со повремени прекини до своите сервиси околу 11:00. Во 12:30 интернет сообраќајот беше целосно стабилизиран со што сите сервиси почнаа да функционираат нормално.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира