УКРАИНА НА ПОЛНОЌ ВЛЕГУВА ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

    УКРАИНА НА ПОЛНОЌ ВЛЕГУВА ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБАПретседателот Зеленски утрово нареди регрутација на сите воени резервисти (Фото: АП)

    Украинскиот парламент изгласа воведување вонредна состојба во земјата, додека се соочува со руска инвазија. Таа почнува на полноќ по локално време и ќе трае најмалку 30 дена.

    Во новите околности, се воведува проверка на личните документи, воените резервисти не смеат да ја напуштат земјата, а владата има можност да прогласи полициски час. Исто така, се воведуваат ограничувања на дигиталните и радио-комуникациските сервиси, за кои владата вели дека можат дополнително да ја подгреат ситуацијата.

    Законот се однесува на сите региони во земјата, освен на Доњецк и Луганск, каде што беше прогласена уште во 2014.

    Украина денеска им порача на сите свои граѓани веднаш да ја напуштат Русија. Се проценува дека во Русија живеат околу три милиони Украинци. Претседателот Зеленски утрово нареди регрутација на сите воени резервисти на возраст од 18 до 60 години, но засега ја отфрли можноста за општа мобилизација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира