ПОРАДИ РУСКАТА ИНВАЗИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ОТИДЕ НАД 100 ДОЛАРИ ПРВПАТ ОД 2014

    ПОРАДИ РУСКАТА ИНВАЗИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ОТИДЕ НАД 100 ДОЛАРИ ПРВПАТ ОД 2014Цената на еден барел во прв момент изнесуваше 102,48 долари

    Цените на нафтата пораснаа набргу откако Русија утрово почна воена операција во Украина, што ги зголеми стравувањата дека ќе се наруши снабдувањето со енергија во Европа.

    Цената на еден барел на американската нафта брент, која важи за меѓународен репер, ја надмина границата од 100 долари за првпат од 2014 година. Таа во прв момент изнесуваше 102,48 долари за барел, за потоа да се спушти на 102,06 долари.

    Русија е вториот најголем извозник на нафта, по Саудиска Арабија и водечки светски производител на природен гас. Таа главно ја продава својата сурова нафта на европските рафинерии и обезбедува 35% од испораките на природниот гас во Европа.

    Западните нации, Турција, Јапонија и Австралија ја казнија Русија со нови санкции откако таа ја призна независноста на отцепените региони во источна Украина, но тие засега не се однесуваат на трговијата со енергија. Исклучок е одлуката на Германија да не го одобри гасоводот Северен тек 2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира