„ТЕЛЕКОМ“ ВЕЛИ ДЕКА НА СЈО ГИ ПРЕДАЛ СИТЕ ДОКАЗИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    „ТЕЛЕКОМ“ ВЕЛИ ДЕКА НА СЈО ГИ ПРЕДАЛ СИТЕ ДОКАЗИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

    Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ денеска соопшти дека навремено одговорил на сите барања на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и дека останува отворен за натамошна соработка со надлежните органи.

    „Најодговорно тврдиме дека навремено сме обезбедиле одговори на сите барања од Специјалното јавно обвинителство и остануваме отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. ‘Македонски телеком’ е компанија која работи според законите, во интерес на граѓаните и на своите корисници“, велат од компанијата.

    Реакцијата следи по објавите на социјалните мрежи дека токму „Македонски телеком“ е компанијата која не ги доставила бараните податоци за телефонските броеви кои биле прислушувани, а за кои Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага„Таргет“. Обвинителката на СЈО Ленче Ристоска, во петокот истакна дека побарале од Судот да издаде судски наредби за да можат да прибават докази од уште еден телекомуникациски оператор во земјава од кого досега не успеале да добијат податоци за телефонските броеви кои биле таргет на незаконско следење на комуникциите, но не наведе за која компанија станува збор.

    Од „Македонски телеком“ велат дека согласно Законот за електронски комуникации и Законот за следење на комуникации, компанијата има законска обврска да набави опрема за следење на комуникациите и да ја стави на располагање на Министерството за внатрешни работи, но оти нема контрола, ниту можност да ја користи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира